Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

Објавено September 15, 2025 17:46
Сподели
Сподели

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. На тоа како наука и уметност мора и треба да влијаеме. Треба да создадеме клима во која ќе можат и политичарите да ги градат тие мостови на соработка, порача денеска академик Владо Камбовски од 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE).

Во обраќањето на Конгресот што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Камбовски подвлече дека прашањето за националните идентитети, јазици и култура не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто, како што напомена, се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности.

Правото на самоопределување на поединците и народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите – дали ги прзинавате или не ги прзинавате, потенцира академик Камбовски.

Според него, Македонија и Бугарија во однос на спорот засега разговараат на лош начин, само преку еден канал – политичкиот, наместо да ги користат и останатите канали како науката и културата.

Треба упорно да работиме, да бараме комуникации – научни, културни и други за „очи во очи“ да ги расчистуваме работите. Ние сега сме закопани на две различни страни. Разговараме на лош начин за овие прашања, користејќи го само политичкиот канал кој е само еден од каналите, а го запоставуваме овој, другиот канал. Кога би работел другиот канал кој смета на тоа дека, да речеме, научната средина и кај нас и во Бугарија мора да се држи за своите освештени правила, а тоа е вистината, треба да се бори, и ние, па и Бугарите, за она што е вистина. Не можеме да ја политизираме науката како што има тенденции да се политизира или да се инструментализира за остварување на вакви или онакви цели. Прашањата на спорења за јазици, за корените и слично треба да се остават на науката, таа треба да расправа за нив. Нема прашања кои не може да биде предмет на науката, може да постојат различни стојалишта и постоеле секогаш, па дури и спорења, а има и непрестани спорења стотици години околу одделни прашања во науката, потенцира Камбовски.

Тој потсети дека ЕУ даде поддршка преку Планот за раст на Западен Балкан и ние треба да ја искористеме таа шанса.

Треба да ги забрзаме реформите кои се на линија на Копенхашките критериуми за да имаме тука силни аргументи. Ние имаме аргументи за тоа кои критериуми сме ги исполниле, но тие не се доволно убедливи и силни. Имаме партизација, висока корупција, култура на неказнивост, немаме демократски дијалог. Сетоа тоа мора да го подигнеме на потребно ниво за да ја зајакне нашата позиција утре, да се создаде преќутна обврска за другата страна да застане на наша страна, да не поддржи, да каже „па чекајте, вие си играте со држава“. Во спротивно, ако застанеме тука, само ќе им дадеме дополнителни аргументи и на Бугарија и на која било друга земја, утре да користи вето или други пречки за нашиот пат кон ЕУ, истакна академик Камбовски.

Осврнувајќи се на Југоисточна Европа (ЈИЕ), укажа на потребата од што поголема соработка посебно во областа на културата, науката и знаењето за на тој начин, како што нагласи, да се релаксираат постоечките тензии.

Ние, како регион, проширувањето треба да го поврземе, во прв ред, развивајќи ги односите во областа на културата, науката, знаењето за на тој начин да ги релаксираме тензиите што постојат меѓу одделните држави и нерешените проблеми: има отворени проблеми со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија, фрагментаризацијата на БиХ и ветото од една земја-членка, Бугарија над Република Македонија. Во однос оосбено на ова прашање, ние мораме како наука, уметност да влијаеме и треба да влијаеме таквите прашања кои се поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамништето на вето и условувања за членство во ЕУ, туку дека треба да владее принципот на добра волја, добросовесност, поддршка на другите земји, а евентуалните такви спорови околу идентитетските прашања да бидат решавани низ комуникација, културен и научен дијалог, културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. Да создадеме клима во која ќе можат и политичарите да ги градат тие мостови на соработка, поаѓајќи од тоа дека прашањето за националните идентитети, јазици, култура, не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности. Правото на самоопределување на поединците и на народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите – дали ги прзинавате или не ги прзинавате, рече Камбовски.

Политиката на проширувањето, смета академик Камбовски, сега е под влијание на два клучни момента. Првиот, објасни, е проширувањето сфатено како континуитет на европската заложба да ги развива своите фундаменти како заедница (владеење на право, сигурност,..), а вториот момент е да се позиционира во новиот светски поредок согласно гео-политичките случувања.

На отворањето на Конгресот се обрати и заменик-претседателот на МАНУ Витомир Митевски. Тој порача дека во време кога светот минува низ голема трансформација и низ значајни економски и политички промени, регионот треба да ги задржи заедничките врски.

Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE) е формирана во 1963 година, со седиште во Париз. Функционира под покровителство на УНЕСКО и во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Конгресите на AIESЕE се одржуваат секои пет години, а Скопје годинава прв пат е домаќин. 13. Конгрес ќе трае од 15 – 19 септември и го организира Македонскиот национален комитет на AIESЕE при МАНУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двојно убиство и самоубиство во Велес
Следна Статија Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење на ДПМНЕ со општините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

Она што го затекнав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжен викенд – гужва на „Богородица“ и „Дојран“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам си ги поправал оценките

Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?