Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

Објавено September 22, 2025 10:25
Сподели
Сподели

Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје.

– Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку визија и подготвеност да ги преиспитаме старите модели, да прифатиме иновации и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка, рече Тошковски.

Од нас, потенцира тој, се очекува да бидеме агилни и екслузвни, да размислуваме однапред и да градиме политики и практики што ќе бидат доволно флексибилни за да одговарат не денешните предизвици но и доволно стратешки за да ги предвидат оние кои допрва доаѓаат.

-Истовремено не смееме да заборавиме дека колку и да се развива технологијата нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени. Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата. Оваа конференција е можност не само за размена на искуства и идеи, туку и за обновување на нашата заедничка посветеност кон вредностите што не обединуваат како што се заштитата на граѓаните, јакнење на владеење на правото и зацврстување на довербата во институциите, рече Тошковски.

На отворањето на Конференцијата зборуваше и Вилијам Габон, претседател на Асоцијацијата на националната Академија на ФБИ.

Габон истакна дека Скопје е историски град кој што се наоѓа на крстосница и каде историјата шепоти од неговите камења а иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и најважно пријателството. Овој собир, рече тој, е посветен на поврзување со професионалци кои размислуваат слично во Европа и светот.

Конференцијата се одржува од 20 до 24 септември во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна гласини дека е во врска со Стивен Сигал
Следна Статија Сопствениците на опожарениот авто сервис во Пинтија собираат донации за да ја исплатат штетата на клиентите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?