Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Објавено September 26, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии.

Според Пандов, гледано низ призма на бројот на повратници во затворите, моментално во затворите две третини од затворениците се повратници.

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала. Гледано низ призма на тоа колку имаме повратници, мислам дека за 2023 година, нема дојдено до мене податок за 2024, е некаде околу 67-68 проценти од затворениците во Македонија беа повратници. Тоа значи дека ние имаме никаква или многу мала стапка на ресоцијализација, изјави Пандов, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

Според Пандов има затвори каде има персонал, но на пример во Затворот Идризово има одделенија каде неколку стотини затвореници опслужува еден човек за ресоцијализација.

Има стандарди, тоа треба да бидат 30 до 50. Има затвори каде што е тој соодносот, меѓутоа во Идризово не е. Сега, беше прекинат огласот, по локалните избори десет нови луѓе ќе вработиме во Идризово во делот на ресоцијализација, изјави Пандов.

Според Пандов, тоа е само еден дел, додека вториот дел е заживување на затворските економии, за што, како што посочи, веќе се прават напори и чекори во таа насока со директорите на затворите.

За жал ние како затворски систем имаме огромна работна сила, а не ја користиме. Со самото тоа, кога би се смениле тие прилики, а тоа низ пракса е веќе видено во други држави, дека немал дел од економските потреби, затворите ги обезбедуваат од сами себе, од сопствените економии, изјави Пандов.

Како што вели тој, се прават чекори за тоа, но не може да се смени се преку ноќ и ќе се работи во следните години.

Тоа што го наследивме беше многу лоша состојба, имавме безбедносни ризици, сега тие се надминати, меѓутоа се работи и на ова и на пробација и на повеќе фронтови се работи за да се помрднат работите и мрднати се. Треба, и мора и можат да бидат и многу подобри, изјави Пандов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски
Следна Статија „Бош“ планира да отпушти 13.000 луѓе во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Топол бран од Африка во Македонија

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства

Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вчера на 16.03…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно,…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?