Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ
МАКЕДОНИЈА

Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

Објавено October 9, 2025 16:04
Сподели
Сподели

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26 септември годинава.

„Тужбата на тужителот Политичка партија ‘Левица’ од Скопје, за поништување на Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година под бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, на ААВМУ-Скопје, се отфрла“,наведуваат од Управниот суд во судското решение.

Во образложението за пресудата, од Управниот суд наведуваат дека согласно позитивните законски одредби, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно регулаторно тело, a директорот на самостојниот орган на државната управа може да носи правилници, решенија, наредби, упатства и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.

Во однос на самото упатство, Судот посочува дека не се работи за поединечен, туку за општ акт со кој се даваат насоки и толкувања за примена на законски одредби, во конкретниот случај одредбите од Изборниот законик.

„…Произлегува дека за да може еден управен акт да биде предмет на управен спор, треба да се исполнети повеќе услови – истиот пред сè треба да биде индивидувален, конкретен, а не општ акт на управата, тој акт да е донесен во некоја управна постапка со која се решава за права и обврски на поединец или правно лице, да ги има особините на управен акт и да е конечен во управната постапка“,се додава во решението на Управниот суд.

Во овој контекст се додава дека Судот оценил дека не станува збор за управен акт против кој може да се води управен спор, туку претставува општ акт донесен врз основа на законски овластувања на органот, поради што тужбата на Левица се отфрла како недозволена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
Следна Статија Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ)…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ако Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името, колку зеле Заев и Филипче?

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?