Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска

Објавено November 6, 2025 20:32
Сподели
Сподели

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ подари букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска на кусата средба што ја имаа во градската управа на примопредавањето на функцијата – градоначалник на Град Скопје.

Изминатиот период тие имаа вербални преписки на социјалните мрежи за ситуацијата со сметот во главниот град.

Средбата со Арсовска ја оцени како протоколарна, како и дека траела помалку од еден час.

По неа, тој се обрати на медиумите, посочувајќи дека ќе почне со првата активност што ја ветил, а тоа е чистење на Скопје.

„Вечерва од 20:30 часот почнуваме со темелна активност за чистење на градот. Појдовната точка ќе ни биде паркингот пред спортската сала ‘Борис Трајковски‘. Во следните 72 часа ќе дадеме сè од себе да блесне градот, онака како што ветив“,кажа тој.

Најави дека во чистењето ќе биде вклучена механизација на „Комунална хигиена“, но и камиони од другите градови. Покрај чистењето, ќе се мијат и улиците, но и кејот и на плоштадот „Македонија“.

Во наредните денови ќе има средба со приватните превозници за да се вклучат 60 автобуси во јавниот превоз.

Како приоритетни проекти ги најави тие кај клучката Момин Поток, проширување на улицата „Борис Трајковски“ во булевар и доградба на мостовите во Карпош 4 и во Аеродром, проекти што се почнати во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, а во мандатот на Арсовска не беа довршени.

Посочи дека ревизија ќе следи за сите јавни претпријатија, но и за Градот Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен е Илија Стоилев актуелниот директор нa АФПЗ – се сомничи дека е затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра
Следна Статија Украина изрече прва доживотна казна затвор за руски војник кој извршил егзекуција на воен заробеник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?