Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златото и среброто со историски рекордна цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Златото и среброто со историски рекордна цена
ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

Објавено December 24, 2025 11:43
Сподели
Сподели

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар, додека останатите работат со скратено работно време за да им овозможат на вработените празничната вечер да ја поминат со своите семејства.

Франкфуртската берза денеска е целосно затворена, додека Лондонската и Париската берза работат со скратено работно време. Поради намалената активност, нивните главни берзански индекси бележат стагнација без значајни поместувања.

За разлика од европските пазари, Московската берза работи со редовно работно време. Индексот MOEX во 9:30 часот забележа пад од 0,52 проценти и се спушти на 2.711,27 поени.

Во исто време, пазарот на благородни метали бележи силна динамика. Цената на златото во еден момент ја надмина границата од 4.500 долари за унца, додека среброто се искачи над 72 долари за унца. Во двата случаи станува збор за нови историски рекорди, пренесува CNBC.

Аналитичарите оценуваат дека засилената побарувачка за злато и сребро е поврзана со глобалната неизвесност и зголемениот интерес на инвеститорите за сигурни вложувања во услови на нестабилни финансиски пазари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија ѝ нуди мазут на Македонија за да ја спаси од кризната состојба
Следна Статија Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000…

February 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

Борбата за зголемување на минималната плата не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

Владата на Република Македонија го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?