Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

Објавено January 7, 2026 16:18
Сподели
Сподели

Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата кои пообилни се најавува да бидат во западните делови од земјата. Исто така, за време на денешниот ден се очекува прилично топло време за овој период од годината со јужно струење и прилично високи температури на воздухот при што се очекува врнежите и на повисоките места да бидат во вид на дожд, додека на планините во текот на денот да бидат мешани во форма на дожд и снег.

Овие врнежи се очекува да предизвикаат зголемување на водостојот на реките и суводолиците во западните делови на земјата, а лоално доколку на места бидат со пороен карактер и подрастично да ги зголемат водостоите пред се на помалите реки и суводолиците и да ги наполнат нивните речни корита.

Олеснителна околност е тоа што врнежите се очекува да бидат пообилни во доцните вечерни часови и за време на ноќта при што поради пониските температури во тој дел од денот на високите планини врнежите се очекува да бидат во вид снег или во форма на дожд и снег со што ќе се намали дотекот на површинска вода водотеците. Сепак, и за време на ноќта се очекуваат позитивни температури на воздухот, а предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во западните делови на земјата во текот на денешниот ден и претстојната ноќ.

Исто така, поради очекуваниот засилен ветер од јужен правец во текот на денешниот ден (над 60km/h) можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро по должина на неговото крајбрежје, а посебно во градот Охрид, предупредуваат од УХМР.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
Следна Статија Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца

Родителите на загинетите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани велат дека нивното барање со државниот врв, завршило со…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска додека се движел со син му од пазарење, бил нападнат од страна…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сашко Коцев повредил полицаец и потоа побегнал со возилото – Актерот тврди дека ништо сериозно не се случило

Актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец, извести скопската полиција. Според МВР, околу 19.15 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар,…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?