Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
ЕКОНОМИЈА

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад

Објавено February 8, 2026 14:10
Сподели
Сподели

Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето.

Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” реализиран од сртрана на Ј.П. „Охридски комуналец” и организацијата „SALAR International“ од Шведска, односните хотелски објекти добија инструкции, обука на персоналот и материјали за спроведување на примарна селекција во нивното работење.

„Селекцијата на отпад во хотелите и другите угостителски објекти како едни од најголемите создавачи на отпад е клучен дел во успешно спроведување на системот“, информираат од „Охридски комуналец“.

Наредниот чекот за воспоставување примарна селекција на отпад во угостителските објекти е вклучување на сместувачките и угостителските објекти покрај шеталиштето во Охрид, со план за проширување на останатите објекти долж крајбрежјето.

„Овие активности се комплементарни на активностите за проширување на мрежата од домаќинства коишто ќе бидат вклучени во системот за примарна селекција на отпад со основна цел за покривање на целата општина. Комплексноста на процесот како и фактот дека овој начин на работа се спроведува за прв пат на територијата на Охрид подразбира потреба од флексибилност и разбирање од сите чинители. Но, со заеднички напори, поддршката којашто ја добиваме од државата и разбирањето за важноста на промените од страна на сите учесници, оваа трансформација кон подобри пракси ќе биде успешна“, додаваат од претпријатието.

Моделот на работење којшто ќе се воспостави во Охрид ќе може да се реплицира во другите градови во регионот, особено во туристичките центри како Струга, Крушево…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО како фирма со еден газда, велат од СДСМ
Следна Статија Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Чебрен и Галиште ќе се градат со парите од британскиот заем, инвестиција од 1,3 милијарди евра

Изминатите седум години СДСМ и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди

Собранието на Република Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026

Палантир ги преместува своите канцеларии од Денвер во Мајами

Палантир Технолошки Инк., голема компанија за вештачка интелигенција и софтвер со многу владини договори, го поместува своето седиште од Денвер.

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?