Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преку фотографии и портрет оживеан споменот за Борис Трајковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Преку фотографии и портрет оживеан споменот за Борис Трајковски
МАКЕДОНИЈА

Преку фотографии и портрет оживеан споменот за Борис Трајковски

Објавено May 15, 2026 21:30
Сподели
Сподели

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски – државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја.

На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на претседателот препознаен по својата човечност, визија и стремеж кон обединето и демократско општество.

Во рамки на настанот беше откриен портретот на претседателот Борис Трајковски, дело на авторката Валбона Атанасовска. Портретот го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека ова не е само омаж на еден претседател, туку и кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста.

Во чест на Борис Трајковски беше отворена и изложбата „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“, која преку одбрани архивски фотографии го доловува неговиот животен пат, политичката дејност и трајното наследство што го остави зад себе.

Овој чин претставува симболична, но искрена почит кон вредностите што Борис Трајковски ги живееше и ги застапуваше – меѓусебно разбирање, демократско општество и европска визија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон
Следна Статија Експретседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, отвори консултантска фирма

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Четворица кандидати досега се пријавиле на Огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на Огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија. Од Собраниската прес –…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од утре температури до -14 степени, доаѓа суво и студено време

УХМР информира дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши го носат на распит во Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош. Бектеши , кој од…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?