Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени
МАКЕДОНИЈА

Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени

Објавено June 16, 2026 19:50
Сподели
Сподели

Mаја Петрова, советник-портпарол и заменик-претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства, предупреди дека предложениот Закон за јавнообвинителска служба не ги исполнува очекувањата на вработените и не обезбедува суштинска реформа.

Таа истакна дека зборува во име на 350 вработени во јавнообвинителската служба во сите јавни обвинителства во државата, кои секојдневно работат на предмети од организиран криминал, корупција, убиства, семејно насилство, финансиски истраги и меѓународна правна помош.

„Денес не зборувам само во свое име. Зборувам во име на 350 вработени во јавнообвинителската служба“, рече Петрова.

Според неа, иако работната група, формирана од Министерството за правда, вложила значителен труд, клучните решенија за поголема институционална самостојност, поефикасно управување со човечките ресурси и реален кариерен развој не биле прифатени или не биле доволно разработени.

Петрова посочи дека членовите на работната група никогаш не ја добиле финалната верзија на текстот објавен на ЕНЕР, ниту верзијата доставена во собраниска процедура.

„Денес не можеме да кажеме кои решенија биле изменети, од кого биле изменети и врз основа на кои аргументи“, истакна таа.

Таа праша дали законот навистина создава автентична јавнообвинителска служба или само ја усогласува со моделот на административни службеници.

„Ако целта е изземање од моделот на административни службеници и создавање посебна јавнообвинителска служба, тогаш зошто во самиот закон за првпат се воведува категорија државни службеници како посебен дел од јавнообвинителската служба?“, праша Петрова.

Според неа, работата во јавното обвинителство не може да се третира како класична административна работа, бидејќи службениците работат со кривични предмети, класифицирани информации, докази, финансиски истраги и постапки кои директно влијаат врз кривичниот прогон и владеењето на правото.

Петрова предупреди дека предложениот закон создава различни статусни режими за луѓе кои работат во истата институција и придонесуваат во истата функција.

Таа оцени дека законот не нуди реален кариерен развој, особено затоа што, според неа, од текстот биле избришани решенијата предложени од работната група.

„Кариерен развој е систем во кој стручноста има перспектива, во кој луѓето гледаат иднина во институцијата и во кој најдобрите кадри остануваат, наместо да ја напуштаат службата“, рече Петрова.

Таа постави прашање и за материјалниот статус на вработените, наведувајќи дека во собраниската верзија биле избришани одредби кои обезбедувале подобрување, како и додаток за задржување на кадарот.

„Ние, како јавнообвинителска служба, не бараме привилегии. Не бараме статус над другите јавни службеници. Бараме закон кој ќе ја препознае специфичноста на работата што ја вршиме“, порача Петрова.

Таа ги повика пратениците внимателно да го разгледаат предлогот пред конечното гласање.

„Деновиве нема да одлучувате само за текст на закон, туку одлучувате каква јавнообвинителска служба ќе има оваа држава во следните децении“, рече Петрова.

Според неа, прашањето не е дали ќе се донесе нов закон, туку дали ќе се донесе подобар закон.

„Не бараме законот да се повлече. Бараме законот да биде подобрен додека за тоа сè уште има време“, порача Петрова. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ова е младото момче кое се удави во Охридско Езеро
Следна Статија Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав и по тој повод дозолете ми во мое лично име…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија

Основниот принцип по кој гласаат граѓаните на Македонија е етнички, а исклучоците се ретки. Ова го покажуваат резултатите од компаративната…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

В недела избори во четири општини

Државната изборна комисија ги заокружува подготовките за повторените локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари (недела). На денешната…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?