Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови

Објавено June 29, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт  со цел созадавање на функционално претпријатие.

Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира.

Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на Железница транспорт. Потоа влеговме во сериозна реформа внатре во Железница транспорт и веќе првите резултати се гледаат. Оваа година имаме позитивни бројки во првите четири месеци. Имаме раст и во бројот на превезени патници и она што е особено значајно и што мене многу ме радува, сериозен раст на карго сообраќајот, истакна Николоски.

Додаде дека со ЕУ се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ.

Tокму овој проект којшто го започнуваме денеска со потпишување на овој грант од страна на Светска банка, за што сакам да се заблагодарам, е почеток на реализација на овој проект кој што ќе значи една темелна и суштинска реформа. Паралелно ќе одиме и со набавка на возови, да се обнови флотата, нешто што е особено значајно. Паралелно со една друга финансиска институција веќе потпишавме договор за набавка на електрични локомотиви, коишто многу значат во делот на развој на карго сообраќајот. Треба да се купат најмалку пет електрични локомотиви, истана вицепремиерот Николоски.

Во однос на крупните инвестици во Железницата, тој додаде дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тенедерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица, како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и тие да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

Ако на тоа се додадат исклучително сериозните инвестиции кои што ги правиме заедно со ЈП Железница инфраструктура, тогаш е јасна визијата на Владата дека сакаме комплетна промена на железничкиот сообраќај во државата.  Првата делница од пругата, односно железничкото поврзување со Бугарија беше готова минатиот јануари и заеднички ја ставивме во функција. На втората активно се работи и се надевам дека по потпишувањето на анексот за продолжување на рокот, тоа ќе биде финалниот рок со којшто ќе се заврши втората фаза. Исто така, во постапка на избор сме на изведувач за третата фаза – имено, тендерот за надзор е веќе објавен и претквалификацијата тече, а очекуваме за многу скоро време да биде објавен и тендерот за изградба, рече Николоски.

Посочи дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8.

Првично тоа би било Скопје -Јегуновце – Тетово – Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија. Ако на тоа се додаде и брзата пруга на Коридорот 10, за која што веќе ги финализираме документите, тогаш е јасно дека имаме една визија за целосна трансформација на Железницатa, рече Николоски, заблагодарувајќи и се на Светска банка за грант средствата и за континуираната подршка за Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта
Следна Статија Ја задавил сопругата, па тврдел дека му се појавила на сон за да го најде телото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?