Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО
МАКЕДОНИЈА

Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО

Објавено June 30, 2026 21:24
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав.

Тој кажа дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза по изминати две години од работата на оваа влада и најави дека следува период во кој фокусот ќе биде уште повеќе ставен на ефиканоста и динамиката и постигнување ефикасни резултати, нова енергија за ново забрзување.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство, а за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски.

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување, а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ, кој досега ја вршеше функцијата министер за односи меѓу заедниците.

За министер без ресор е предложен Ерџан Демир.

Од Вреди нови министри ќе бидат поставени во Министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие. Претходно лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека за министер ќе биде предложен Борче Серафимовски.

Досегашниот ресор за добро владеење се укинува и тој ресор ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот.

Исто така, Мицкоски изјави дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролката на Влада, Марија Митева, е избрана за претседателка на Унијата на жени на партијата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделство
Следна Статија Полска постави свој услов за Украинците: Додека го слават Степан Бандера не може во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца локални „супер херои“ од Дојран веќе три недели сами го чистат каналот на Ѓавато

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина на својот фејсбук профил сподели статус во кој сподели една необична приказна за двајца локални „супер…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?