Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови 65 случаи на грип во државава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови 65 случаи на грип во државава
ЗДРАВЈЕ

Нови 65 случаи на грип во државава

Објавено December 5, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Пријавени се 65 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, од 25 ноември до 1 декември, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Два случаја повеќе во споредба со претходната недела, а споредено со 48-ма недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 3,2 отсто.

Во однос на моделот за последните 14 сезони, се регистрира намалување од 18,9 проценти.

Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 43 лица, над 65 години – 11, од пет до 14 години – девет и до четири години – две лица.

Највисока инциденца (10,2/100,000) се регистрира кај лицата на возраст од пет до 14 години.

Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 18, Гостивар – 17, Тетово – осум, Струмица – шест, по четири во Кавадарци, Неготино и во Штип, Прилеп – две и по еден во Скопје и во Радовиш.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 454 случаи. Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.

Во нашата држава, вакцинирани се вкупно 71,313 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против сезонски грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФИНКИ и ФФК конечно ќе се доградат
Следна Статија Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина

Во ноември годинава, беше извршена прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство. На Клиниката за очни болести беа…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка

Здружението Хемаонко денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот…

October 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи…

August 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Туширањето со премногу топла вода е непотребно, особено за лицето

Оние кои се тушираат со топла вода треба да се грижат за својата кожа бидејќи може да настанат проблеми. Керолин…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?