Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет
СВЕТ

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет

Објавено December 4, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството.

Премиерот Шигеру Ишиба ја нарече ниската стапка на наталитет во Јапонија „тивка вонредна состојба“ и вети разни политики како што е флексибилно работно време.

Се верува дека очекувањата вработените мајки сѐ уште треба да ги извршуваат домашните обврски, да воспитуваат деца и да се грижат за роднините што е клучен фактор за недостигот на бебиња.

За да им го олесни балансот помеѓу работата и животот на родителите, гувернерката Јурико Коике сака да им понуди на државните службеници вработени во градската управа на Токио опција да работат скратена недела почнувајќи од април.

– Заостанувањето во зајакнувањето на жените е долгогодишно прашање во Јапонија, а надминувањето на статус квото и правењето на општеството поразновидно и просперитетно е клучно за нашата светла иднина. Ќе почнеме со темелна поддршка за рамнотежа помеѓу работата и животот со воведување пофлексибилен систем на работно време, како што се три неработни дена неделно – рече таа во својот политички говор пред собранието.

Според планот, владиниот персонал, освен работниците во смени, може да земе до три дена одмор неделно, но сепак ќе треба да одработи 155 часа месечно, вели Сачи Икегами, официјален претставник на управата на Токио задолжен за кадровски прашања.

На вработените кои имаат мали деца исто така ќе им бидат понудени пофлексибилни часови, а работните денови ќе се скратат за два часа, додаде Икегами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тела на две бебиња пронајдени закопани во двор во Хрватска: уапсени родителите
Следна Статија Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Колку навистина чини Гренланд? Трамп решен да го купи

Интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, автономна територија на Данска, покрена прашања за вредноста на…

January 27, 2025
СВЕТ

Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“…

April 3, 2025
СВЕТ

Трамп повикува на апсење на градоначалникот на Чикаго и гувернерот на Илиноис

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повика на апсење на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и гувернерот на Илиноис, Џ.Б.…

October 8, 2025
СВЕТ

Претседателски кандидат во Уганда киднапиран од militar, вели опозициската партија

Боби Вајн, поп ѕвезда претворена во политичар кој се натпреварува против владеењето на претседателот ЈовериMuseveni, бил присилно качен во хеликоптер

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?