Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции

Објавено August 14, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на нивниот БДП. Во извештајот кој веќе десет години го подготвува „ФДИ интелиџенс“ (FDI Intelligence) специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times) се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции, се вели во анализата на bloombergadria.

На првото место на листата повторно се најдоа Обединетите Арапски Емирати, на второто место е Намибија, а на третото Костарика. Од земјите од регионот освен Македонија, којашто е најдобро пласирана меѓу првите десет земји на глобално ниво се најдоа и Босна и Херцеговина (7.место) и Србија (8. место). Хрватска е рангирана на 20. место на глобалната листа, а најлошо е рангирана Словенија на 79.место.

Од вкупно 105 оценети земји во извештајот, околу 85 забележаа индексен резултат над еден, што значи дека нивниот удел во глобалните проекти за гринфилд странски директни инвестиции во 2024 година бил поголем од нивниот удел во глобалниот БДП во истата година. Останатите 20 земји имаат резултат под еден, што значи дека привлекле помалку странски директни инвестиции во однос на големината на нивната економија.

Можност за продлабочување на инвестицискиот потенцијал на Македонија

Од „ФДИ интелиџенс“ нагласуваат дека во Македонија традиционално влегувале странски директни инвестиции во производството и деловните услуги, но се нагласува дека „во 2024 година се случија нови големи инвестиции во енергетскиот сектор што би можеле да го продлабочат нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години“. Оттаму ја посочуваат највената инвестиција на фондот за обновлива енергија со седиште во Дубаи, „Алказар Енерџи“ во ветерна фарма од 400 MW во Штип за која се очекува да изнесува 500 милиони долари.

„Проектот е во фаза на подготовка за изградба и се очекува да започне кон крајот на годината откако ‚Алказар‘ ќе го финализира финансирањето на проектот“, изјави соосновачот и управувачки партнер Даниел Калдерон за „ФДИ Интелиџенс“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка
Следна Статија Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Нивото на јавниот долг на земјава на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од вредноста на…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?