Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Објавено May 18, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска на прес-конференција изнесе документи од Трговскиот регистар на Република Бугарија, обвинувајќи го претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за наводна поврзаност на неговите бизнис интереси во соседството со неговите политички ставови за уставните измени.

Според документите што ги презентираше ЗНАМ, Филипче е наведен како единствен сопственик на капиталот и управител на компанијата ПАУЪР АЙ8 ЕООД, чие седиште се наоѓа во градот Петрич, на улицата „Гоце Делчев“ бр. 12. Од партијата посочуваат дека на истата адреса во Петрич е регистрирана и компанијата ГОМАСИДРА ЕООД, која, како што велат, е во сопственост на Вице Заев.

Од ЗНАМ јавно го повикаа лидерот на СДСМ да излезе пред граѓаните и да одговори на неколку клучни прашања поврзани со оваа фирма.

„Го повикуваме Венко Филипче да одговори дали е точно дека е сопственик на оваа компанија во Петрич, со какви дејности се занимава таа и колкав капитал и имот поседува во соседната држава. Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“, прашуваат од ЗНАМ.

Од партијата додаваат дека јавноста има право да знае дали ставовите на претседателот на СДСМ во однос на Бугарија се условени, ублажени или компромитирани поради грижата за неговиот личен имот и капитал, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на ничии лични и деловни интереси.

„Молкот не е одговор, молкот е признание. Очекуваме Филипче да собере храброст и да се соочи со вистината и со граѓаните за да објасни дали неговите политички ставови се резултат на лични убедувања или се исклучиво во интерес на неговите бизнис релации“, порачуваат од ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово
Следна Статија На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче никако да ја осуди изјавата на бугарската министерка дека сме „северномакедонци“

Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија.Речиси две недели Филипче избегнува јасно да…

May 20, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по…

June 1, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес…

June 26, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?