Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон
ПОЛИТИКА

СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон

Објавено April 22, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Социјалдемократски сојуз на Македонија  денеска го повтори своето барање за организирање локален референдум во Крива Паланка на кој граѓаните на овој град ќе се изјаснат дали се за отворање рудник за антимон. Првично социјалдемократите  ова прашање го отворија во неделата, а во денешното писмено соопштение го прозиваат градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, посочувајќи дека тој не може сам да одлучува или да се договара со премиерот Христијан Мицкоски за отворање рудник.

Новото соопштение на СДСМ, условно кажано, доаѓа откако премиерот Мицкоски во неделата изјави дека правото на референдум е уставно загарантирано и секој може да го побара, но оти е зачуден од фактот што градоначалникот на Крива Паланка, кој доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, има поинакво мислење од раководството на партијата околу барањето за локален референдум во врска со рудникот за антимон.

Во своевидна реакција од СДСМ, во таа насока, во денешното соопштението велат:

„Градоначалникот Сашко Митовски не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски. Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис-интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај“.

Од опозициската партија појаснуваат дека тие не се против инвестиции, туку против рудник што го загрозува здравјето и „тивко убива“ бидејќи, како што наведуваат од СДСМ, копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот.

„Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови. Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето“,се вели во соопштението од СДСМ.

Од опозициската партија порачуваат да градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не премиерот Мицкоски, кој, како што наведуваат „ја гледа државата како свој тендер“.

„Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ. Градоначалниче – референдум! Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат. СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција“,порачуваат од СДСМ.

Иницијативата за отворање рудник за антимон во Кривопаланечко произлезе од втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД што неодамна се одржа во Вашингтон.

Во заедничката изјава по дијалогот двете земји ја поздравија одлуката на Корпорацијата на САД за финансирање на меѓународниот развој (U.S. International Development Finance Corporation) за доделување помош во износ од пет милиони американски долари за повторно отпочнување на ископување антимон во Северна Македонија.

Договорот го потпишаа Конор Колман, раководител на инвестиции во ДФЦ, и Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“. На потпишувањето на договорот во Вашингтон присуствуваа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири
Следна Статија Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени на Кривичниот законик. Наместо тоа, преку пратеници на ДПМНЕ, поднесува козметички интервенции, далеку…

December 22, 2025
ПОЛИТИКА

Верувале или не? Касами го истакна македонското знаме

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вчера имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Забележително беше што на средбата го…

March 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?